Здраво на сите!

Моето име е Кристина и имам 24 години. Студирам на Американ Колеџ, смер Софтверско
инженерство и сум последна години студии. Мојата љубов спрема книгите се разви уште на 11 години благодарение на мојата мајка која е исто така еден голем страствен љубител на книги.
Мојата љубов започна со книгите на Карлос Руиз Зафон, но откако ги прочитав Скриена во
најмрачниот агол од Елизабет Хејнс и Убави девојки од Карин Слотер едноставно се навлеков и не можев да прекинам со читање и купување книги! Имам 2 кучиња Луна и Зои, кои се мојата најголема љубов! Зависник сум од книги со убави корици, кафе, и како секое женско-шопинг.

Како се создаде профилот @devojcetosoknigite ?

Отсекогаш сум сакала да имам куче, но за жал до пред 4 години тоа беше невозможно. Во
2020год, како една многу тврдоглава личност, се одлучив да ги продадам сите книги кои ги имав до тогаш прочитано со цел да соберам пари и да си ја остварам мојата најголема желба. Во кратки црти, парите беа успешно собрани но на иницијатива на моите родители кои се моите најголеми поддржувачи уште првиот ден, собраните пари ги вложив во развивање на мојот мал бизнис што го започнав со препродажба на користени книги. Во рок од 4 прекрасни години достигнавме заедно со вас толку многу што се уште не ми се верува! Од базари, до Саем на книга, до безброј нови познанства од кои дел од нив ми се пријатели за цел живот. Ви благодарам за секоја нарачка, секој позитивен коментар, и најбитното ви благодарам
што поддржувате еден мал бизнис како што е мојот! Позади профилот не стојам сега само јас. Стојат и моите родители, на кои им сум неизмерно благодарна за се, моите пријателки, мојот дечко кој ме трпи пред секој мој стресен период посебно пред базари и што верува во секој мој нов производ и секој чекор што ќе се одлучам да го направам, и секако без вас ништо од ова не би постоело! Секој производ е спреман со многу љубов, живци, трпение, многу солзи пролеани за секој неуспешен обид за изработка и многу месеци планирање. Едноставно сакам при секоја ваша нарачка да ја почуствувате таа љубов што ја чустувам и јас при изработка на истата, затоа што посебно е чуството кога работиш нешто што те исполнува во душата и те прави навистина среќен. Нема поубаво чуство од тоа!

Со љубов,
Девојчето со книгите

Scroll to Top